![Бомба](/wp-content/themes/yootheme/cache/70/bomba_belgrad-70956d6a.jpeg?x28309)
Бомба била фрлена во фризерски салон на улицата „Браничевска“ во Белград, синоќа околу четири часот.
Српската полиција соопшти дека нема повредени, а причинета е материјална штета.
На видео од безбедносни камери се гледа како маж со качулка на главата крши прозорец со чекан и фрла бомба, по што бега, пишува „Телеграф.рс“.
Жителите на оваа зграда ги разбудил силен удар.
Сопственикот на салонот тврди дека нема непријатели и не ја знае причината за нападот, а полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот.
Истрагата е сеуште во тек.