Skip to main content

Се гаси српската новинска агенција Танјуг

“Добивме информација дека агенцијата Танјуг престанува да постои”

 |  инфодеск  | 

Српското министерство за култура не се изјаснило кој донесол одлука за гасење на државната медиумска куќа, а директорката на агенцијата, Бранка Ѓукиќ, вчера го известила уредништвото на весникот и претставниците на синдикатот дека Танјуг официјално не постои од 31 октомври.

Работниците ќе работат до крајот на месецов, а потоа ќе добијат отпремнина, а вкупната бројка на вработени во оваа агенција е 180.

“Не сме официјално известени, но неофицијално добивме информација дека агенцијата Танјуг престанува да постои и дека на вработените ќе им бидат исплатени плати за октомври, како и дека ќе добијат отпремнини. Висината на отпремнините сеуште не е дефинирана”, рекол претседателот на синдикатот Марко Драгишиќ.

Танјуг беше формиран во ноември 1943 како официјална новинска агенција на Југославија која имаше задача да известува за борбата на партизаните