Рускиот Газпром денеска соопшти дека ги обновува испораките на гас преку Австрија, главно во Италија, откако постигнал договор за регулаторни измени со Австрија.
Австрискиот оператор кажа дека е спремен да го потврди транспортот преку ЛЛЦ Газпром експорт, што ќе овозможи рускиот гас повторно да тече преку Австрија – наведува руската компанија.
Австриската влада соопшти дека Газпром сè уште не ги потпишал потребните договори.
Рускиот гас сочинува околу 10 отсто од италијанскиот увоз, што е значително помалку од претходните 40 отсто, а зголемен е уделот на гас кој Италија го увезува од Алжир и северот на Европа.