Skip to main content

Џенерал Мотрос пред целосен колапс

Растресениот американски автомобилски џин Џенерал Моторс (ЏМ) најверојатно ќе мора во наредните денови да побара заштитена стечајна постапка.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Растресениот американски автомобилски џин Џенерал Моторс (ЏМ) најверојатно ќе мора во наредните денови да побара заштитена стечајна постапка.

General MotorsОва стана јасно, откако раководството на компанијата не успеа да обезбеди поддршка од мнозинството сопствениците на нејзините обврзници за замена на акциите на компанијата.

Сопствениците на корпоративните обврзници не се задоволни од понудениот сопственички удел, според кој ним би им припаднале 10 отсто, додека на американската влада би и припаднале 70 отсто, а на пензиските и здравствените фондови 20 отсто.

Сопствениците на обврзниците поседуваат 27 милијарди долг на ЏМ и требаше 90 отсто од нив да се сложат со понудата на компанијата.
Покрај тоа, ЏМ соопшти дека не е во состојба на сопствениците на обврзниците до 1 јуни да им ја исплати каматата од милијарда долари.

Втор знак дека компанијата е пред стечај е одложената исплата на платите на вработените.

 

{loadposition content9}