Skip to main content

За генерален секретар на НАТО во трка двајца кандидати

НАТО синоќа не успеја да постигне договор за новиот генерален секретар на Алијансата, откако Турција стави забелешки за кандидатурата на данскиот премиер Андрес Фог Расмунсен, наведоа дипломатски извори.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
НАТО синоќа не успеја да постигне договор за новиот генерален секретар на Алијансата, откако Турција стави забелешки за кандидатурата на данскиот премиер Андрес Фог Расмунсен, наведоа дипломатски извори.

Расмунсен ја доби поддршката на водечките европски сили и САД во настојувањето да стане наследник на Холанѓанецот Јап де Хоп Шефер на позицијата генерален секретар на НАТО.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера го критикуваше Расмунсен поради начинот на кој реагираше на објавувањето на карикатурите на пророкот Мохамед во еден дански дневен весник во 2006 година и изјави дека НАТО треба да најде друга личност за оваа позиција.

samitБугарската агенција БТА, повикувајќи се на доверлив избор од самитот, синоќа наведе дека сега во игра остануваат двајца кандидати – данскиот премиер Расмунсен и поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси.
Изворот навел дека Паси бил анкетиран дали и натаму сака да остане во кандидатската трка, на што тој одговоро дека нема намера да се откаже од натпреварот.

Одлуката за новиот генерален секретар на НАТО треба да биде донесена денеска.