Skip to main content

Генералното собрание на ОН побра неодложен и траен прекин на огнот во Појасот Газа

Во резолуцијата, усвоена со големо мнозинство синоќа,  Генералното собрание настојува за безусловно почитување на резолуцијата 1860 на Советот за безбедност од 8 јануари.

 |  Крсте Голабовски  | 
generalno sobranie UN
генерално собрание ОН
Во резолуцијата, усвоена со големо мнозинство синоќа,  Генералното собрание настојува за безусловно почитување на резолуцијата 1860 на Советот за безбедност од 8 јануари.

Текстот појаснува дека тоа го вклучува упатениот повик за неодложно воведување на трајно и целосно запирање на огнот, кое што ќе води до целосно повлекување на израелските сили од Газа и слободно распределување хуманитарна помош во Појасот Газа.
Резолуциите на Генералното собрание немаат задолжителен карактер.

Претседателот на Генералното собрание Мигел д’Еското изјави дека резолуцијата е усвоена со 142 гласови „за“, шест „против“ и осум воздржани, но ревидираниот резултат од пребројувањето, објавен еден час подоцна, покажа 142 гласа „за“, три „против“ (САД, Израел и Науру) и девет воздржани.

genralno sobranie UNТекстот е компромис, договорен по повеќечасовни дебати, од името на Палестина, од Египет во согласност со Европската унија.

Група земји, меѓу кои Сирија, Иран, Венецуела, Индонезија и Малезија, се обидоа да наложат поцврста формулација, која настојува за „неодложно и безусловно повлекување на изарелските сили од Газа“.  

Во меѓувреме, израелски владин претставник изјави дека Кабинетот за безбедност ќе гласа до вечер за едностран прекин на огнот и оти израелските сили ќе останат во Газа по стапувањето во сила на прекинот на огнот, чие траење не беше прецизирано.

 

 

{loadposition content9}