Skip to main content

Гласините за iPhone 6 се покажаа вистинити

Apple претстави два модели на iPhone 6 и Apple Watch

 |  инфодеск  | 

Гласините за кои читавме со месеци се покажаа дека се вистинити – Apple на презентацијата претстави два нови модели на iPhone со големи екрани и уредот кој многу се чекаше – смарт часовникот.

Apple Watch ќе биде достапен во две големини и тоа на почеток на идната година а ќе чини 349 долари. Tim Cook напомена дека не сакале да направат часовник кој ќе биде намалена верзија на iPhone, па така  Apple Watch ќе има интерсно копче Digital Crown за навигација и управување со апликации и со потполно нов интерфејс, а интересно е тоа дека екранот ќе препознава разлика помеѓу допир и притисок.

Овој уред може да биде многу интересен за спортистите и луѓето со активен стил на живеење, бидејќи доаѓа со бројни апликации за фитнес, следење на движењето, согорување на калории и. т. н. Часовникот ќе се испорачува со различни ременчиња (метални, кожни) и ќе можат да се користат само со телефоните на Apple и тоа моделите 5, 5С, 5Ѕ и секако со iPhone 6 и 6 Plus.

Новите модели на iPhone конечно доаѓаат со големи екрани – моделот iPhone 6 има екран со дијагонала 4,7 инчи и резолуција 1334х750 пиксели, додека iPhone 6 Plus има екран од 5,5 инчи и резолуција 1920х1080 пиксели. Двата модели работат на силниот А8 процесор кој е за 20% побрз од претходникот и имаат подобрена 8 МР iSight камера со нов сензор и нова Focus Pixel технологија за побрзо автофокусирање.

Новите модели во САД и во неки други земји ќе бидат достапни од 19 септември, додека до крајот на годината ќе се појават уште во 115 други земји. Цената на iPhone 6 во САД останува стандардни 199 долари со потпишување на договор за 16 GB моделот, додека за iPhone Plus цената е за 100 долари повисока. Во понудата останува и iPhone 5 кој во САД ќе чини 99 долари, додека iPhone 5C ќе биде бесплатен.

Уште една голема новина од оваа презентација е сервисот за плаќање Apple pay кој овозможува плаќање во трговијата и на интернет со помош на новите модели на iPhone и Apple Watch. 

{loadposition content9}