Главен град на светот е Лондон
Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.
| | Свет
Лондон
Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града. На второ место со 21 поен се наоѓа Њујорк, а третото место го делат Токио и Вашингтон со 17 поени. По нив следуваат Шангај, Мексико, Пекинг, Бомбај и Делхи. Вториот по големина австралиски град Мелбурн е најдоброто место за живеење во светот, според листата во која влегуваат 140 града. По него се Виена и Ванкувер. Во првата десетка се уште два австралиски града – Порт и Аделаида. Кон нив спаѓаат уште и Торонто и Калгари, Хелсинки и Оукленд. Авторот на проучувањето, Џон Коупстејк одбележува дека Ванкувер го изгубил првото место, прв пат после десет години. Австралија со ниската населеност и релативно ниско ниво на криминал, продолжува да нуди градови каде најдобро се живее, посочува тој .„Покрај тоа што цената на животот се зголемува, заради скапиот австралиски долар, овие градови нудат редица фактори, кои ги прават привлечни“, дополнува тој. Градовите се оценети на база на политичка и социјална стабилност, ниво на криминал, достап до квалитетно здравство, културен живот, околна средина, инфраструктура и обука. На дното на листата се главните градови на Папуа Нова Гвинеа – Порт Морсби, на Бангладеш – Дака, и на крај е Хараре – главниот град на Зимбабве.
{loadposition content9}