Skip to main content

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал пред Советот за безбедност

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц в четврток ќе го претстави пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк редовниот шестмесечен извештај за соработката на земјите од поранешна Југославија со судот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Serg Bramerz
Серж Брамерц

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц в четврток ќе го претстави пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк редовниот шестмесечен извештај за соработката на земјите од поранешна Југославија со судот.

Serg BramerzВо делот на извештајот за Србија, Брамерц истакнува дека е „задоволен“ од напорите што властите на Србија во моментот ги вложуваат за да ја комплетираат соработката со обвинителството во Хаг, пренесуваат српските медиуми.

Според извештајот, најкритично преостанато прашање во соработката со Србија, останува пронаоѓањето и апсењето на двајцата бегалци Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ.

Позитивната оценка на соработката на Белград е клучна за понатамошното приближување на Србија со Европската унија.

Холандија, која што примената на привремениот трговски договор на Србија со ЕУ до сега го условуваше со апсење на Младиќ, неодамна навести дека би можела да го смени ставот и да го одблокира договорот, доколку Брамерц пред Советот за безбедност на ОН оцени дека Белград прави си што може да го пронајде и уапси долгогодишниот бегалец.

{loadposition content9}