Глобалната финансиска криза удира на еврозоната
Актуелната глобална економска криза и се заканува на еврозоната, пишува лондонски „Тајмс“, предупредувајки дека најголемата закана за светското стопанство сега е „претстојната бура во зоната на заедничката европска валута“.
Весникот наведува дека земјите на Европската Унија сега се наоѓаат во самиот центар на кризата, дури можеби и повеќе отколку САД и Велика Британија, предвидувајќи дека доколку се случи во следните месеци светот да доживее удар сличен на оној по крахот на американската инвестицискна банка „Лиман брадерс“, тоа ќе создаде големата криза во зоната на еврото.
На земјите од централна и на источна Европа им се заканува финансиски крах, а економиите на Ирска, Грција и Португалија бележат забрзан пад во својот економски раст. Кон овие три држави во еврозната, би можеле мошне брзо да се приклучат и Шпанија, но и Италија, која е „шампион во буџетскиот дефицит“ во Европа, наведува лондонскиот весник.
„Тајмс“ смета дека само една земја, а тоа е Германија би можела да се најде од помош во една ваква ситуација.
Но, големо прашанје е дали оваа земја и ЕУ во целина ќе можат да бидат поефикасни во санирањето на последиците од евентуалниот удар во еврозоната, отколку што беше американската Влада при нејзиното „гаснење на пожарот“ предизвикан од банката „Лиман брадерс“, заклучува весникот.
{loadposition content9}