Skip to main content

20 години кинески хакери крадат податоци од американски компании

Моќниот вирус Американците сеуште не успеваат да го запрат

 |  инфодеск  | 

Кинеската влада го хакирала компјутерскиот систем на секоја поголема американска компанија, тврди Mike McConnell, екс директор на Американската разузнувачка служба (NSA), кој на таа должност беше во времето на претседателот George W.Bush од 1991 до 1996 година.

“Кина влезе во секоја поважна компанија во САД за да дојде до доверливи информации. Никогаш, ама навистина никогаш, не пронајдовме кинески malware”, рекол McConnell на Универзитетот во Мисури, а пренесува CNN.

Тој истакнал дека кинескиот malware ги краде податоците кога на кинеските шпијуни ќе им притребаат. Екс шефот на NSA тврди дека кинеската влада, во последните години на мандатот на Bush, ангажирала 100.000 хакери кои требало да упаѓаат во компјутерите ширум светот. Тој рекол дека ги крадат податоците за новите концепти на автомобили, вселенски летала, ветерници, индустриски податоци и се разбира и софтвер.

“Ако можат да украдат такви работи пред да дојдат тие на пазарот, а тоа го прават 15,20 години, а никој не ги открил, сметам дека тоа има стратешки последици по САД”, рекол McConnell кој потврдил дека, за време на истрагата, жртви на кинеските хакери биле и Конгресот, Стејт Департментот, министерството за одбрана и бројни компании.

Американската влада успеала да пронајде кинески шпијуни кои краделе бизнис планови, а обвинителството обвини петмина Кинези кои продреа во Alcou, US Steel Corp и Westinghouse.

Неколку американски експерти за хакирање се сложуваат дека кинеските хакери се насекаде по сајберспејсот, но не веруваат дека баш е толкав бројот на компании каде тие успеале да го пробијат системот.

“Ако е така, тие би го имале рецептот за Coca-Cola, а го немаат”, коментирал Chip Tsanes, советник во консултантската компанија EY.

{loadposition content9}