По 70 години забрана излегува книгата на најголемиот злосторник на човештвото
Книгата ќе содржи и 3.500 забелешки на четворица академици
По 70 години забрана, во Германија повторно ќе биде издадена книгата на еден од најголемите злосторници на човештвото, Адолф Хитлер, Mein Kampf.
Сепак тоа ќе биде поинаква верзија бидејќи книгата ќе содржи и 3.500 забелешки на четворица академици кои му контрираат на идеите на Хитлер за антисемитизмот, нацизмот и геноцидот.
Книгата е напишана за време на неговите затворенички денови во 1924 година и позната е како своевиден нацистички политички манифест на омразата спрема Евреите и ширењето на Германија. Mein Kampf прв пат е испечатена во 1933 година.
Издавачките права на книгата ги има Bavarska, а следниот месец истекува забраната за нејзино реиздавањње.
Christian Hartmann, еден од академиците рекол дека е важно луѓето кои ќе ја читаат веднаш да видат што сѐ Хитлер лажел.
“Работевме на принципот дека ниту една страница со текст на Хитлер не може да биде без коментар и забелешка”, рекол Hartmann.
Но, за еврејкиот форум во Берлин реиздавањето на книгата на Хитлер е во потполност неприфатливо.
“Дури и со појаснувањата и критиките ние сме против книгата. Таа потполно е вон умот и логиката! Можете ли да објасните некој како Хитлер? Можете ли да го објасните ѓаволот?”, рекол Levi Salomon, портпарол на еврејскиот форум, а пренесува Independent.


