Skip to main content

Голем дел од безбедносните сили во Авганистан користат дрога

Од Одделот за истрага при американскиот Конгрес соопштиле дека злоупотребата на дрога е еден од главните проблеми на авганистанските безбедносни сили. На секои 10 испитаници, четворица биле позитивни на тестовите за користење на дрога.

 |  Маја Савиќ  | 
vojnik megu afion
војник меѓу афион
АvganistanОд Одделот за истрага при американскиот Конгрес соопштиле дека злоупотребата на дрога е еден од главните проблеми на авганистанските безбедносни сили. На секои 10 испитаници, четворица биле позитивни на тестовите за користење на дрога. Справувањето со недозволена трговија со дрога претставува главен предизвик за американската кампања во Авганистан, бидејќи 90 проценти од опиумот во светот, се произведува во Авганистан. Во извештајот на американскиот Конгрес се вели дека можеби бројката на припадници на безбедносните сили кои користат дрога е поголема, но дека тоа тешко сега може да се утврди, бидејќи нема можности за брзо откривање на корисниците на недозволени опиати.





{loadposition content9}