Најмалку 13 лица загинаа во пожар што избувна во клубот Полигон во рускиот град Кострома, соопшти Службата за вонредни ситуации.
Околу 250 луѓе беа евакуирани од зградата што се запали ноќта во градот на околу 300 километри североисточно од Москва. Пожарот во клубот Полигон бил изгаснат околу 07:30 часот по локално време – соопштија властите.
Службите за итни случаи соопштија дека пожарот би можел да биде предизвикан од пиротехнички средства. За инцидентот е покрената кривична истрага.