Четири куќи се уништени, околу 1.300 хектари земја изгореа, а повеќе од 500 луѓе се евакуирани поради шумски пожар што беснее во југозападниот дел на Франција.
Околу 350 пожарникари и шест авиони се борат со пожарот што избувна вчера во винскиот регион Медок.
Уништени се четири куќи и уште неколку згради – изјавил префектот на департманот Жиронд.
Франција, како и остатокот од Европа, се бореше со топлотен бран и суша во текот на летото што предизвика повеќе шумски пожари низ целиот континент.
Во Франција годинава беа уништени повеќе од 60.000 хектари шума и вегетација, од кои најголемиот дел на југозападот на земјата.