Skip to main content

Една жена загина

Голема карпа падна врз хотел на островот Крит

47-годишна жена од Словенија загина во несреќа во хотел во Грција, а тешко повреден е нејзиниот 8-годишен син. Врз нивната соба во туристичко престојувалиште паднала голема карпа и ја затрупала собата.
 |  инфодеск  | 
Несреќа Крит

Огромна карпа падна од рид и уништи две соби во крајбрежен хотел на грчкиот остров Крит, убивајќи една Словенка во сон, а нејзиниот мал син е повреден, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во раните утрински часови во студиото Маркос, семеен комплекс на соби за изнајмување на плажа, изграден под карпеста падина во Иерапетра.

Полицијата соопшти дека каменот уништил две соби. 51-годишниот сопруг на жртвата бил во друга соба и не е повреден, пренесува Ројтерс.

Под урнатините се затрупани 47-годишна жена и нејзиниот осумгодишен син.

Околу 50 пожарникари излегле на терен и успеале да го спасат момчето по еден час копање низ урнатините. Мајката на момчето била пронајдена мртва.