Skip to main content

Голема кражба на саемот за естетска уметност во Холандија

Накит со вкупна вредност од 860 илјади евра беше украден вчера на најголемиот саем на естетска уметност во светот – „Тефаф“, во јужниот холандски град Маастрихт.

 |  Маја Савиќ  | 
tefaf
тефаф

TefafНакит со вкупна вредност од 860 илјади евра беше украден вчера на најголемиот саем на естетска уметност во светот – „Тефаф“, во јужниот холандски град Маастрихт.

– Прстен со голем сафир и ѓердан со дијаманти, во сопственост на лондонската продавница за накит „Ханкук“, беа украдени, изјави портпаролката на саемот.

Прстенот, кој бил со 11,23 карати и ѓерданот, 7,23 карати, изложени на штандот на „Ханкук“, исчезнаа меѓу 17 и 18 часот по локално време.

Околностите околу кражбата се уште не беа разјаснети до синоќа.

Европскиот саем за естетска уметност „Тефаф“, кој беше отворен на 12 март, заврши вчера. Неговото 23-то издание беше посетено од 73.000 лица, кои може да избираат меѓу слики, скулптури, мебел, накит, порцелански предмети, луксузна облека и вредни ракописи.

{loadposition content9}