Додатокот на Chrome пребарувачот е достапен за превземање и инсталација, иако од компанијата сеуште официјално не е објавено дека ова решение е и официјално новиот систем за управување со вашите web фаворити.
Порано беше објавено дека додатокот кој ќе ги организира вашите омилени страници ќе биде подигнат на повисоко ниво, дури и во јавноста беше и бета верзијата која тогаш се нарекуваше Stars, а сега се чини, дека пристигна конечната верзија на новиот Google Bookmark Manager.
Новиот управувач со фаворитите носи навистина сосем поинаков пристап, но прашањето е дали тоа ќе е решение за сите кои секојдневно го користат Chrome.
Инсталацијата е едноставна како и за било која друга Google Chrome екстензија, односно додаток, а Google Bookmark Manager е достапен веднаш по инсталацијата и тоа со едноставно кликнување на малата ѕвездичка на лентата за алатки. Со кликнување на неа ви се отвора сосем нов начин на пристап со фаворити кои со години вредно сте ги собирале за сите web страници кои се вредни за внимание. Нагласокот е на визуелната категоризација, која во потполност можете да ја персонализирате, со сопствени фотографии, текст, напомена, а сѐ со цел полесно да ја пронајдете саканата страница. Кога ќе сакате да ставите нова страница во фаворити, Google автоматски, на основа на содржината на страницата, ќе ви предложи каде да ја сочувате на мапата, но секако тоа можете и сами да го одредите.
{loadposition content9}