Иако одредени специјализирани портали, кои се занимаваат со статистика, уште пред четири години тврдеа дека Google Chrome е попопуларен од Internet Explorer, Microsoft тие резултати не ги признаваше поради наводна склоност кон пребарувачот на Google. Конкретно, се работело за податоци кои ги објави StatCounter, но за компанијата од Redmond тие податоци не биле релевантни. Сега, најверојатно дојде времето Microsoft да признае дека нивната досегашна доминација со Internet Explorer заминува во историјата.
Спрема најновите податоци на компанијата Net Application во април 2016 година најпопуларен пребарувач е Google Chrome со 41,71% на светскиот пазар. Internet Explorer падна на втората позиција со 41,33% од пазарниот удел. Со оглед дека разликата е мала, трендот покажува дека Google Chrome сосем сигурно ќе расте во однос на Internet Explorer и Edge, па така наредниот период ќе го одбележи доминацијата на Google Chrome.
Помеѓу другото, ако се следат некои статистички податоци само за април Google Chrome е на неверојатни 60% додека Internet Explorer на 13,25%.
Во секој сучај во моментов Google Chrome е најпопуларен интернет пребарувач.