Google неодамна додаде нова можност која им овозможува на крајните корисници да ги проверат активностите на своите google профили. Со други зборови, главната поента е можноста корисникот да може да провери кои уреди се пријавувале на нивните сметки, и исто така можат да ја проверат нивната активност, што може да биде од голема важност за вашите податоци.
За да се избегнат несакани ситуации, а сите знаеме што се случува кога некој ќе има достапност до вашиот профил, односно ако воочите некаква сомнителна активност на вашиот кориснички профил секако е препорачливо да се смени лозинката и безбедносните поставки.
Контролната страница за преглед на пријавите се наоѓа на овој линк, каде можете да ги видите сите активни уреди за вашиот профил во изминатите 28 дена како и локацијата каде што тие уреди се наоѓале.
{loadposition content9}