Skip to main content

Google овозможи лоцирање на телефонот во случај на губење или кражба

Ако не знаете каде ви се наоѓа телефонот, прашајте го Google

 |  инфодеск  | 

Познато е дека Google  со своите алатки веќе со години го олеснува секојдневието и го знае одговорот на секое прашање, а од сега знае и каде е вашиот Android.

Воопшто нема сомнение во фактот дека таа информација компанијата ја знаела и вешто ја прикривала во годините наназад, но истата Google одлучи да ја сподели со нас и на тој начин да ни помогне во трагањето по телефонот во случај да е украден или во случај да не знаете каде сте го оставиле.

Сѐ што треба да направите за Google да ви открие каде се наоѓа вашиот телефон е да впишете во полето на пребарување “find my phone” и ќе се прикаже моменталната локација на вашиот уред на мапата, а притоа треба да е вклучена опцијата за локација на самиот телефон. Ова предобро звучи за да биде достапно до сите па така оваа услуга е достапна само за корисниците на Android а условот е да ја имате инсталирано апликацијата на Google и да сте логирани на телефонот и на компјутерот со ист Google акаунт.

{loadposition content9}