21 век, сигурно е век со голем технолошки развој, а во што поголеми достигнувања во борбата со конкуренцијата, компанијата Google направи голем исчекор. Во моментите кога времето добива сосем ново значење и кога, поради забрзаниот начин на живеење, би можело да се рече станува луксуз и најбарана работа, Google понуди решение.
Дронови за секаков вид на достава, е најновата технолошка иновација, за кои не треба човечка рака туку со нив управува вашиот компјутер, преку мрежа.
Дроновите на Google користат сателитска навигација со која се одредува рутата на патување, го пресметува времето на достава и ја одредува точката на достава.
Овој проект се вика “Google Wings” а неговите проектанти велат дека не е изгледно во догледно време дека ваков вид на доства ќе се развие во скора иднина, но дека се на добар пат кон отстварувањето на целта.
“Уште години и години се потребни за овој проект да заживее, но ова е негов почеток, прототипот зад кои стоиме”, рекол Nicholas Roy, проектантот на Google Wings.
Проектот Google Wings е најновиот резултат на работата на GoogleX лабораторијата, која наводно работи и на прототипот на автомобил за кој не треба возач.
{loadposition content9}