Говорот на Обама го напишало 27-годишно момче
Џон Фавро, 27-годишен „вундеркинд“ најверојатно ќе влезе во историјата како најмлада личност што напишала инаугурициски говор за некој претседател, во овој случај за Барак Обама, јавуваат американските медиуми.
| Крсте Голабовски | Свет
Обама Фавро
Џон Фавро, 27-годишен „вундеркинд“ најверојатно ќе влезе во историјата како најмлада личност што напишала инаугурициски говор за некој претседател, во овој случај за Барак Обама, јавуваат американските медиуми.
Фавро во последните два месеци работел 16 часа на ден на говорот на Обама на повеќе места во Вашингтон, од кафулињата Старбукс до неговиот нов, уште неуреден стан во главниот град на САД.
Момчето пишувало до 2 или 3 часот по полноќ, останувајќи будно со дупло еспресо и ред бул. На располагање имал екипа помошници што го снабдувале со потребниот материјал, вклучувајќи ги истражувањата за клучните моменти на кризи во американската историја, до говорите на бившите претседатели.
Откако го напишал победничкиот говор на Обама во Ајова, околу Фавро се формираше култ на личноста. Тој е заслужен и за клучниот слоган на Обама „Ние можеме“.
Обама првпат се сретнал со Фавро на Демократската конвенција 2004., кога момчето го прекинало во читањето на говорот и му предложил да го поправи.
Фавро тогаш пишуваше говори за Џон Кери, неуспешниот демократски претседателски кандидат во 2004.
Кога ќе влезе во Белата куќа, Џон Фавро со 27 години ќе биде најмладиот главен писател на претседателските говори во историјата.

{loadposition content9}