Грција
Грабеж во позната дискографска куќа во Атина
Извршен грабеж во позната дискографска куќа во Атина. Според грчките медиуми, сторителите одзеле сеф и побегнале.
Две маскирани лица во текот на ноќта извршиле грабеж во позната грчка дискографска куќа во Атина, а според грчките медиуми, одзеле сеф, јави дописничката на МИА од Атина.
Неофицијално, сторителите откако го нападнале чуварот, упаднале во зградата и во канцелариите на компанијата, одзеле сеф и побегнале.
Во тек е истрага на полицијата за пронаоѓање на сторителите.


