Skip to main content

Грција да го промени името

Германскиот европратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис оценува дека Грција поради должничка криза со која се соочува има потреба од нов имиџ и предлага ново име за меѓународна употреба кое ќе и помогне на земјата за нов почеток.

 |   | 
Czhakimarkakis
Шацимаркакис

Германскиот европратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис оценува дека Грција поради должничка криза со која се соочува има потреба од нов имиџ и предлага ново име за меѓународна употреба кое ќе и помогне на земјата за нов почеток.

– За многумина во Европа името Грција асоцира на нефункционален политички систем, непотизам. Како дел од еден чесен нов почеток грчкиот Устав треба да се промени и земјата да се преименува во Хелас на сите јазици, вели Шацимаркакис во неделното издание на германскиот весник „Билд“.

Тој појаснува дека „Хелас“ е името кое Грците го користат за именување на нивната земја.

Според него, Атина мора да го отфрли постојниот политички систем и целосно да го замени. Уште поважно, оценува Шацимаркакис, парите кои Европа и ги дава на Грција одат за отпклаќање на долгот, но не го решаваат проблемот на земјата.

– На Грција и е потребен економски раст. Само тогаш таа може да ја преземе одговорноста за својот долг, смета европратеникот кој е од партијата на Слободни демократи.

Преговорите околу вториот пакет за спас на земјата Атина требаше да ги заврши во неделата на полноќ.

{loadposition content9}