Во Грчкиот парламент вчера (15.02) беше изгласан законот (176 гласа „за“ и 76 гласа „против“) со којшто ќе се овозможат истополови бракови во Грција.
„Ова е огромен чекор напред за човековите права, којшто е одраз на денешна Грција, прогресивна и демократска земја, која е целосно посветена на европските вредности“ – изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Твитер, по гласањето.
Дополнително, со новите законски одредби на истополовите парови ќе им биде дозволено да посвојуваат деца.
Инаку, во Грција уште пред десетина година беа дозволени истополови граѓански заедници, но само на биолошките родители им беше дозволено да се грижат за деца, а сега со новите законски измени им се дозволува и на геј паровите да станат родители. Но, иако на паровите им е дозволено да посвојат деца, сепак нема да им дозволат да добиваат потомство со помош на сурогат мајки.
Инаку, вкупно 15 од 27-те земји членки на Европската Унија веќе ги легализирале истополовите бракови.