Skip to main content

Грција сеуште без влада

Последни обиди за формирање влада во Грција, со мали изгледи за успех. Сириза одби да учествува во влада на национален спас, нови избори се’ поизвесни.

 |  Голабовски Крсте  | 
znaminja
знамиња

Последни обиди за формирање влада во Грција, со мали изгледи за успех. Сириза одби да учествува во влада на национален спас, нови избори се’ поизвесни.
 
Рачно изработена бомба експлодираше пред даночна канцеларија во Атина предизвикувајќи штета, но не и повреди. Се смета дека направата била подготвена од плински боци – метод што го користат анархистичките групи.

состанок политичариЕксплозијата се случи додека во земјата се прават последните обиди за формирање влада. Разговорите за формирање кризна влада ќе продолжат денеска во кабинетот на претседателот Каролос Папуљас, каде ќе учествуваат конзервативците, социјалистите и радикалните левичари.

На продолжението на денешните преговори одби да учествува радикалната левица Сириза. Алексис Ципрас истакна дека
„Сириза одбива да биде ’лево алиби’ на една влада која ќе ја продолжи политиката на мерки за строги економии, што народот ја отфрли на 6 мај“.

И лидерот на ултрадесничарската партија Златна зора Никос Михалолјакис изјави дека нема да даде парламентарна поддршка на влада која ќе продолжи да ги применува мерките на штедење во замена за кредити од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд.

„Земјата е под финансиски напад. Грците гласаа против условите на планот за спас, па така ЕУ и ММФ досега требаше да заминат од земјата“, посочи Михолалјакис.

{loadposition content9}