Skip to main content

Во Грција почна акцијата: „Да ги вратиме пепелниците на маса“

Сопствениците на ресторани и барови во Грција се побунија против владината одлука за забрана за пушење на јавните места која на сила стапи од 1-ви септември и покренаа сопствена акција „Да ги вратиме пепелниците на маса“.

 |  Маја Савиќ  | 
pepelnik
пепелник
pepelnikСопствениците на ресторани и барови во Грција се побунија против владината одлука за забрана за пушење на јавните места која на сила стапи од 1-ви септември и покренаа сопствена акција „Да ги вратиме пепелниците на маса“.

На законот едногласно му се спротивставиле 152 здруженија кои делуваат под заедничкото име „Сојуз на ресторани и барови“, изјавил неговиот лидер Јанис Цакос. Тој рекол дека со оглед на кризата, која веќе го намалила бројот на посетители во локалите за третина, законот само ќе го доведе овој сектор во пропаст.

Денеска на масите пред кафе-баровите на плоштадот Коланки во центарот на Атина ставени се пепелници. Повеќето Грци го кршат законот кој забранува пушење во затворени јавни простории, изјави министерот за здравство пред две недели, со што се гледа тешкотијата за одвикнување на најстраствените европски пушачи.

„Три недели пред локалните избори, сосема е јасно дека градските власти нема да ги пратат инспекторите на терен“, коментирал еден келнер. Но во иднина, прекршителите на законот ќе бидат казнети сигурно, додал тој.

Грција е втор по големина производител на тутун во Европа. Со повеќе од 40 проценти пушачи меѓу 11-те милиони жители и годишна просечна потрошувачка од 2.954 цигари по жител е земја рекордер меѓу европските држави.

{loadposition content9}