Skip to main content

Драма во воздухот

Грчки падобранец висел закачен за авион

Шокантна видео снимка кружи на интернет. Денеска била избегната трагедија во воздухот, откако грчки падобранец бил оставен да виси четири минути од авион „C-130″.
 |  инфодеск  | 
Падобранец

Избегната е воздушна трагедија откако грчки падобранец останал да виси четири минути закачен за авионот „ц-130“.

Авионот на ХАФ полетал од аеродромот во Ларнаки. Кога достигнал височина од 5.000 стапки, првиот падобранец скокнал од авионот.

Сепак, падобранот не се отворил, ниту се одвоил, па падобранецот висеше неколку минути на четири и пол метри од леталото. Падобранецот се обидел да го ослободи својот падобран, но бил запрен од сигурносниот прстен што го поврзува појасот со торбата во која се наоѓа падобранот.

За среќа, другите во авионот најдоа начин да го спасат и внесат човекот во леталото.

https://youtu.be/InS6jz51wo8