Новите уреди се брзи, но со време таблетите или телефоните стануваат спори бидејќи се преполни со апликации и разни датотеки. Постои решение кое овој проблем лесно ќе се реши.
Едно од решенијата е апликацијата Greenify која е дизајнирана да ја оптимизира Android платформата за уредот да работи побрзо и без грешки. Но, тоа не го постигнува со бришење на меморијата, туку на начин што ја следи работата на сите апликации и известува за оние кои отстапуваат од прописите, а тоа подразбира дека апликациите не смеат да бидат активни ако корисникот не ги користи и слично. Исто така, кога Greenify детектира такви апликации, автоматски ги става во хибернација и така ја намалува потрошувачката на батеријата и успорувањето на уредот.
Што се случува со апликациите кои комуницираат со интернет и за време на хибернацијата? Тие апликации повторно можат да се активираат на ваше барање или барање на некоја друга апликација. Тоа што треба да знаете е дека тие не се стопирани туку е променета состојбата на активност. Greenify не е менаџер за исклучување на апликации туку ги става во состојба на спиење за да не ја трошат енергијата и рам меморијата. Тоа значи дека апликациите лесно и брзо се спремни за продолжување на функцијата.
Апликацијата е потполно бесплатна и може да се превземе на Google Play Store.
{loadposition content9}