Развојот на технологијата, интернет и смарт телефоните донесоа бројни добри работи, ја забрзаа и подобрија работата, но поради константната достапност многу од вработените биле контактирани и вон работното време и се барало да работат и од дома. Поради тоа луѓето се константно под стрес и не можат повеќе да се опуштат по работата и да уживаат со фамилијата бидејќи знаат дека екипата од работа може да ги контактира во секое време.
Затоа во Германија размислуваат за воведување на закон кој би оневозможил контактирање на вработените вон работното време.
Едно неодамнешно истражување во Германија покажало дека во последно време сѐ повеќе работници одат во предвреена пензија, а главната причина бил стресот, односно притисокот дека мораат константно да бидат во контакт со другите вработени или шефот. Спрема информациите дури една петтина од вработените во Германија им е достапна на своите шефови и вон работното време, а професорот по психологија Clemens Kirschbaum од универзитетот во Дрезден коментирал дека луѓето денес многу малку време поминуваат offline, односно во мир и без притисок од работа,што не е добро за здравјето.
За да се реши овој проблем, германската министерка за труд, Andrea Nahles размислува за воведување закон, таканаречен антистрес закон, кој би забранил контактирање на вработените по електронска пошта или мобилен телефон по завршување на работното време.
Во Германија и сега е забрането контактирање на вработените за време на празник, објавил Guardian, и напоменуваат дека големите компании како Volkswagen и BMW имаат имплементирано сопствени рестрикции за контактирање на вработените вон работното време, а неодамна Daimler инсталирал посебен софтвер кој автоматски ги брише сите маил пораки кои на вработените им се праќаат вон работното време.
{loadposition content9}