Иако во продажба е пуштена по долго очекување пропратено со контроверзи, се чини дека GTA V се продава одлично.
Спрема SteamSpy статистиките, оваа популарна игра во само еден месец, откако е достапна за PC , е продадена во повеќе од два милиони примероци. За Rockstar, американскиот производител и издавач на видеоигри, ова е повеќе од одличен резултат.
Бројката од два милиони се однесува исклучително на копии продадени по пат на дигиталниот сервис Steam, а ако на тоа се додадат и физичките копии на играта, како и оние кои се продадени по пат на други дигитални сервиси, заработката на Grand Theft Auto серијалот е поприлично вртоглава.
За споредба, GTA IV на Steam е продадена во 3,5 милиони примероци, што може да се каже дека GTA V многу лесно ќе ги надмине сите досегашни рекорди на продажба.
{loadposition content9}