За докапитализација на словенечкиот производител на минерална вода и пиво Пивоварна Лашко стигнале седум обврзувачки понуди, а помеѓу останатите понуди се и на Хајнекен и Карлсберг,но и неколку инвестициски фондови, објавил мариборскиот дневен весник Вечер.
Словенечката компанија која поради задолженост го продава својот удел во Раденска, докапитализацијата во вкупната висина од 75 милиони евра треба да ја заклучи до средината на идната година. Моменталната вредност на акциите на Љубљанската берза изнесува 26 евра, а понудите кои ги даваат инвеститорите се движат од 8 до 27 евра по акција, пишува весникот. Во процесот на докапитализација избраниот партнер ќе мора да објави и понуда за превземање, со што ќе мраат да се сложат 50% од споствениците на акциите. Мнозинските сопственици на Пивоварна Лашко се банките, на кои пиварата им должи повеќе стотини милиони евра, и државните фондови.
Групацијата Лашко кон крајот на септември имала 242 милиони евра долг. Во првите три квартали оваа година имала 197 милиони евра приходи, што е 6% помалку од истиот период лани, додека оперативната добивка пред амортизацијата е намалена за една десеттина, на 36 милиони евра. Чистата добивка била 12 милиони евра.
Продажбата и докапитализацијата на Пивоварна Лашко се вклопува во планот на државата која сака да приватизира што повеќе имот при што новата влада ја продолжува обврската за продавање на 15 големи компании во кои државата има мнозински сопственички удел.
{loadposition content9}