Skip to main content

Хакерски напад на „Yahoo“

Американската компанија „Јаху“ ги информира своите корисници дека нејзиниот систем за електронска пошта бил цел на хакерски напад, при кој се украдени податоци за кориснички имиња и лозинки.

 |  Голабовски Крсте  | 
yahoo
јаху

Американската компанија „Јаху“ ги информира своите корисници дека нејзиниот систем за електронска пошта бил цел на хакерски напад, при кој се украдени податоци за кориснички имиња и лозинки.

hakerСпоред соопштението на компанијата, овие податоци биле употребени за да се соберат лични информации за луѓе, со кои корисниците на „Јаху“ контактирале преку електронската пошта во последниот период.

Компанијата не информира колку податоци со кориснички имиња и лозинки се украдени при хакерскиот напад, но соопшти дека моментно соработува со безбедносни органи со цел да бидат пронајдени напаѓачите и да одговараат за криминалот.

Поради заштита на личните податоци, корисниците на „Јаху“ се повикани освен лозинките да го исклучат и пристапот до електронската пошта од мобилните телефони и на тој начин да не дозволат двојна идентификација.

На „Јаху“ ширум светот се регистрирани 273 милиони електронски пошти, од кои 81 милион во САД.

{loadposition content9}