Skip to main content

Шест лица загинаа

Хеликоптер се урна во Западна Вирџинија

Шефот на операции при Управата за итни случаи Логан, Реј Брајант го опиша хеликоптерот како Белл УХ-1Б од времето на Виетнамската војна.
 |  инфодеск  | 
Хеликоптер

Шест лица загинаа откако хеликоптер користен за туристички летови се урна на автопат во Западна Вирџинија, јавија локални медиуми.

Кога на лице место пристигнала спасувачката екипа, хелихоптерот бил опожарен.

Се очекува патот да биде затворен 24 часа за време на истрагата на местото каде се случи трагедијата.

Шефот на операции при Управата за итни случаи Логан, Реј Брајант го опиша хеликоптерот како Белл УХ-1Б од времето на Виетнамската војна.