Skip to main content

Хилари Клинтон во ненајавена посета на Ирак

Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска пристигна во ненајавена посета на Багдад. Тоа е нејзина прва посета на Ирак откако стапи на должност.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hilari Klinton
Хилари Клинтон
Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска пристигна во ненајавена посета на Багдад. Тоа е нејзина прва посета на Ирак откако стапи на должност.

BagdadПосетата на Клинтон уследи по самоубиствените бомбашки напади во Багдад и во другите ирачки градови во кои загинаа најмалку 155 луѓе.

– И покрај најновите напади нема индиции дека верското насилство од пред три години би можело да биде обновено. Самоубиствените напади, всушност се трагичен сигнал дека Ирак се наоѓа на прав пат, истакна Клинтон.
Таа наведе дека ирачката Влада има остварено значителен напредок.

Предвидено е Клинтон да се сретне со ирачкиот премиер Нури ал-Малики, министерот за надворершни работи Хошијар Зебари и со командантот на американските сили во Ирак, генерал Рејмонд Одијерн.

{loadposition content9}