Skip to main content

Ходорковски ќе добие 10.000 евра оштета

Русија ќе му плати на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски надомест од 10. 000 евра по силата на пресуда на Европскиот суд за правата на човекот , соопшти руското Министерство за правда.

 |  Голабовски Крсте  | 
Mihail Hodorkovski
Михаил Ходорковски

Русија ќе му плати на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски надомест од 10. 000 евра по силата на пресуда на Европскиот суд за правата на човекот , соопшти руското Министерство за правда.

Mihail Hodorkovski”Во извршувањето на пресудата на ЕСЧП од Ходорковски е побарана информација за банкарска сметка и кога таа ќе биде обезбедена , во неа ќе биде преведен износот на предметното надомест ” , изјави за новинската агенција Интерфакс портпаролот на Министерството за правда.

На 25 јули , судот во Стразбур ја осуди Русија да му плати на поранешниот магнат 10 000 евра за серија прекршувања на правата за време на судскиот процес против него . Некогашниот најбогат човек во Русија беше помилуван од претседателот Владимир Путин , ослободен од затворската колонија и придружуван од службеници на затворот до аеродромот, од каде замина за Берлин.
Во моментов тој чека виза за Швајцарија , каде што неговата сопруга поседува стан.

{loadposition contact9}