Холанѓанец успеа да го произведе најскапото сирење на светот
Сопственик на фарма во Холандија ја превзеде титулата за најскапо произведено сирење на светот
Сопственик на фамилијарна фарма во Холандија може да се пофали дека прв на светот успеа да произведе сирење од свинско млеко кој воедно и ја превзеде титулата за најскапо сирење на светот.
Поради изнимно комплицираниот начин на собирање на млекото и самото производство, килограм од ова сирење чини 2.000 евра.
“Тоа е производ кој никогаш и никој не го направил и многу луѓе за тоа се заинтересирани. Од неодамна тргнавме со молзење на свињи и засега сме многу задоволни. Работата е тешка, но ако луѓето се спремни да платат 2.000 евра за килограм, ја прифаќаме нарачката и го правиме сирењето”, рекол Erik Stenink, сопственик на фармата “Piggy’s Palace”.


