Skip to main content

Куната заминува во историјата

Хрватска го воведе еврото како официјална валута

На 1-ви јануари 2023 година, куната заминува во историјата, по што Хрватска ќе го воведе еврото како официјална валута.
 |  инфодеск  | 
Евро

Хрватскиот парламент со мнозинство гласови го усвои Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска. За законот гласаа 117 пратеници, 13 беа против, а еден воздржан, пишува хрватски Индекс.

Еврото треба да стане официјална валута во Хрватска на 1-ви јануари следната година. Но, пред целосно да ја замени куната, од 5-ти септември цените би се изразувале во двете валути.

Плаќањето во двете валути би требало да трае и следната година.

Пред гласањето, во Парламентот дел од опозицијата повторно се спротивстави на воведувањето на еврото.