Полицијата во Загреб објави снимка од убиецот на Иво Пуканиќ
Загрепската полиција синоќа објави снимка на кој се гледа лицето кое во дворот на неделникот Национал во Загреб довезло мопед во кој бил експлозив со кој пред шест дена беше убиен сопственикот на весникот Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ.
Министерот за внатрешни работи Томислав Карамарко за Хрватската телевизија изјави дека полицијата трага по убиецот или убијците на Пуканиќ, додека дел од медиумите веќе јавија оти се уапсени неколку осомничени лица.
Човекот со кацига е едно од двете лица кои полицијата ги сомничи за убиство, изјави началникот на Кабинетот на шефот на полицијата Крунослав Боровец на вонредна прес конференција.
Снимката била објавена сега по стручна процена на тимот кој води истрага.
Дел од медиумите јавија дека полицијата синоќа уапсила четворица мажи осомничени дека се поврзани со убиството на Пуканиќ – Роберт и Лука Матаниќ, Амир Мафаланија и Томислав Марјановиќ. Браќата Матаниќ се дел од група која бигарската полиција во 2004 година ги осомничи за мафијашки убиства во Софија.
{loadposition content9}