Хрватска го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН
Хрватска, која е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, денеска го презема едномесечното претседавање со најзначајното тело на Светската организација.
Хрватска, која е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, денеска го презема едномесечното претседавање со најзначајното тело на Светската организација.
На 9 декември Хрватска ќе биде домаќин на дискусијата на тема „Светската безбедност и меѓународниот тероризам“. Хрватска е претседател на Антитерористичкиот комитет при СБ на ОН од неговото создавање.
Со Програмата за работа за декември, меѓу другото, е предвидено во средината на месецот до Советот за безбедност да се обратат пртседателот и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон и Серж Брамерц. Тие усмено ќе ги поднесат редовните шестмесечни извештаи за спроведувањето на стратегијата за окончување на работата на Хашкиот трибунал и соработката на државите од поранешна Југославија со тој суд.
Во јануари претседавач со Советот за безбедност на ОН ќе биде Франција, која е постојана членка на Советот за безбедност на ОН.Советот за безбедност на Светската организација има пет постојани членки со право на вето – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција и 10 непостојани членки со двогодишен мандат – Белгија, Буркина Фасо, Костарија, Индонезија, Италија, Либија, Панама, Јужна Африка, Виетнам и Хрватска.
{loadposition content9}