Skip to main content

Во Хрватска стоп за пушењето и на јавни места

Хрватска од денеска целосно го забранува пушењето на јавни затворени места, официјално е соопштено.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Хрватска од денеска целосно го забранува пушењето на јавни затворени места, официјално е соопштено.

cigaraЗабраната е регулирана со закон, кој во Хрватска од денеска стапува на сила.

„Шестмесечниот преоден период за баровите и рестораните истекува денеска и законот за целосна забрана на пушењето целосно ќе стапи на сила“, соопшти хрватското Министерство за здравство.

Целта на законот, е да се заштитат непушачите кои сочинуваат 68 проценти од 4,4 милионското население на Хрватска.

Казните за прекршување на законот изнесуваат до 2.100 евра за поединци и до 21,000 евра за сопственици на угостителски објекти.

 

{loadposition content9}