Skip to main content

Хрватски научници тврдат дека имаат лек за ешерихија коли

Научници од сплитскиот Природно-математички факултет открија иновативен антибиотик кој убива бактерии со поинаква метода од класичните антибиотици и покажува одлична ефикасност против ешерихија коли.

 |  Маја Савиќ  | 
naucnici
научници во лабораторија
Научници од сплитскиот Природно-математички факултет открија иновативен антибиотик кој убива бактерии со поинаква метода од класичните антибиотици и покажува одлична ефикасност против ешерихија коли.

Професорот Давор Јуретиќ, Дамир Вукучевиќ и Алесандар Тоси од Трст го создадоа адепантин, лек кој има потенцијал за лекување засега неизлечиви и смртоносни бактериски инфекции со многу ниеска токсичност за човековите крвни клетки, јави ХРТ.

Јуретиќ тврди дека нивното откритие одекнало во научната заедница. Од бактеријата ешерихија коли досега во Европа животот го загубија 38 луѓе од кои 37 во Германија.

{loadposition content9}