Skip to main content

И денес продолжува потрагата по тригодишно девојче во реката Сава во Загреб

Потрагата по тригодишното девојче во реката Сава продолжи и утринава. Покрај полицијата, денеска на терен се и Хрватската планинска спасувачка служба, пожарникари, волонтери на Црвен крст и цивилната заштита, а во потрагата на реката Сава се користат и дронови.
 |  инфодеск  | 

Според надлежните институции, девојчето исчезнало вчера попладне, откако заедно со својата мајка влегло во реката. Мајката, која подоцна била пронајдена и ѝ била укажана лекарска помош, изјавила дека заедно влегле во студените води на Сава. Сè уште е нејасно што се слуило и зошто мајката решила среде зима да влезе со девојчето во студените води на Сава.