Skip to main content

Исланд во ЕУ, најбрзо за три години

Министерот за надворешни работи на Исланд Есур Скарфединсон оцени дека на државата ќе и бидат потребни три години за да стане член на Европската унија.

 |  Крсте Голабовски  | 
zname
знаме

Министерот за надворешни работи на Исланд Есур Скарфединсон оцени дека на државата ќе и бидат потребни три години за да стане член на Европската унија.

Iceland„Ние сме член на европскиот економски простор и со тоа веќе презедовме 75 отсто од законодавството на ЕУ. Тоа значи дека 22 до 35 поглавја од преговорите за пристапување веќе сме исполниле. На прв поглед, се чини, не би требало да ни треба многу време. Меѓутоа, поглавјата кои недостигаат се тешки, а меѓу нив се и земјоделството и рибарството. Ако ја набљудуваме целата работа реално тогаш ќе ни требаат три до три ипол години кога на граѓаните на Исланд ќе може да им го ставиме на гласање исходот од преговорите“, вели Скарфединсон во интервјуто за виенскиот „Стандард“.

Шефот на исландската дипломатија укажа дека придонес за ЕУ може да биде и знаењето на Исланд во користењето на обновлива енергија. Во врска со економската криза, тој е уверен дека таа ќе биде надмината пред Рејкјавик да стане член на ЕУ.

{loadposition content9}