Skip to main content

Идентификувани 11 тела од жртвите на францускиот ербас

Идентификувани се 11 од пронајдените 50 тела на загинатите во падот на авион на „Ер Франс“ кој на почетокот на месецот се урна во Атлантскиот океан во близина на бразилскиот брег, со земање отпечатоци од прсти и карактеристики од забите.

 |  Крсте Голабовски  | 

ostatociИдентификуваните тела се на десет Бразилци, пет мажи и пет жени и на еден странец, се наведува во соопштението на властите од сојузната држава Пернамбуко, каде се извршуваат експертизите.

Семејствата на идентификуваните Бразилци се известени од полицијата, а информирана е и амбасадата во Бразил, на странецот, кој е идентификуван.
Не се соопштени други детали за жртвите, чии тела беа подложени на аутопсија во Институтот за судска медицина во Ресифи, главен град на Пернамбуко.
Авионот Ербас, кој сообраќаше на релација Рио де Женеиро – Париз, се урна во Атлантскиот океан ноќта меѓу 31 мај и 1 јуни. Причините за најтешката авионска несреќа во историјата на „Ер Франс“ се уште не се познати.

{loadposition content9}