Туниските власти објавија видео снимки од надзорните камери кои ги покажуваат напаѓачите додека наоружани со калашникови одат и го изведуваат нападот во една од салите на музејот Bardo во Тунис, каде беа убиени 21 лице.
Едноминутната снимка која ја објавило министерството за внатрешни работи на својата официјална страница на Facebook се прикажуваат двајца мажи како одат со оружје в рака во една од салите од музејот, а потоа се прикажани и нивните мртви тела.
Двајцата напаѓачи се идентификувани како средношколецот Jabeur Khachnaoui од покраината Касерина и 27-годишниот Yassine Laabidi. Двајцата имале обука во Либија за ракување со оружје, навела туниската влада и додала дека двајцата биле познати на полицијата.
Одговорноста за нападот ја превзеде група на Исламската држава, а нападот на главниот музеј во Тунис е најтежок од револуцијата во 2011 година.
Властите во Тунис објавија дека истрагата напредува и дека досега се приведени 10 лица кои индиректно биле вмешани во нападот, а меѓу нив има лица кои пружиле логистичка помош.
{loadposition content9}