Идни чувари кои ќе се грижат за безбедноста
Сами носат одлука што треба да направат
Пред неколку години Јужна Кореа најави дека за безбедноста во нивните затвори ќе се грижат роботи кои ќе внимаваат на затворениците, а на почетокот на овој месец на настанот “Rise of the robots”, Microsoft прикажа чувари кои ќе се грижат за безбедноста во иднина. Тие чувари – роботи изгледаат како мали вселенски бродови, ги коментирале К5 роботите на PC Mag, а ги движат компјутери со напредна вештачка интелегенција која следи сѐ што се случува, и ако е потребно превзема акција.
Роботите ги развила американската компанија Knightscope и се опремени со 4 HD камери, бројни сензори и аларми кои им помагаат во одржувањето на безбедноста (за среќа не се вооружени, иако не се исклучува можноста во иднина да носат и оружје), потоа имаат посебна камера која може да отчитува регистрации, 4 микрофони, вграден GPS и поддршка за WiFi. Во Knightscope велат дека К5 роботите се пријателски расположени и ако наидат на престапници на подрачјето каде што патролираат, љубезно ќе ги опоменат да го напуштат тоа подрачје, а ако биде потребно ќе го активираат алармот и ќе повикаат дополнително обезбедување.
Овие роботи можат да го мапираат целото подрачје каде што се движат и во случај на некои необични случувања можат сами да носат одлуки за тоа што треба да се направи.
Големата предност на овие роботи во однос на луѓето е тоа што се поефикасни бидејќи можат да патролираат 24 часа без застој (колку што трае батеријата), а единствена пауза е таа кога им е потребно полнење на батериите, што трае 15-20 минути. Кога се слаби батериите тие сами одат во базата за полнење.
Продажбата на овие роботи би требала да започне следната година и тие би можеле во иднина да станат новите безбедносни чувари кои ќе се грижат за безбедноста на компаниите.
{loadposition content9}


