Skip to main content

Иднината е во соларните авиони?

Теоретски може да остане во воздух неограничено време

 |  инфодеск  | 

“Solar impuls 2” летал два часа и 17 минути над Швајцарија, а се планираат уште неколку пробни летови во наредните месеци. Тој е подобар и поголем од првата верзија кој полета прв пат пред пет години.

Bertrand Piccard и Andre Borschberg, соосновачи на проектот, велат дека авионот на соларен погон теоретски може да остане во воздух неограничено време.

Леталото е наследник на “solar impuls” кој во текот на претходните четири години поставил неколку светски рекорди – прв ноќен лет на соларен авион кој траел 26 часа 10 минути и 19 секунди, потоа прв лет помеѓу континенти – од Мадрид до Мароко, но и од западниот до источниот брег на САД.

Во кокпитот на “solar impuls 2” при пробниот лет во кабината бил пилотот Markus Scherdel кој изјавил: “Авион како што е овој е апсолутно единствен. Прв пат во историјата имаме воздухоплов кој лета без гориво и дење и ноќе, покажувајќи неверојатен потенцијал на чиста технолкогија, која може да се употреби во намалувањето на зависноста од фосилни горива, да се унапреди чувањето на животната средина и да се решат бројни проблеми на загаденост”.

“solar impuls 2” има распон на крилата од 72 метри, поголеми од Боинг747-8, но и покрај тоа тој е тежок како патнички автомобил 2,3 тони. На горната страна на крилата има 17.248 соларни ќелии, кои преку ден ги полнат литиумските батерии, а тие овозможуваат пропелерите да работат ноќе.

Piccard и Borschbeg се надеваат дека наредната година ќе го обиколат светот.

{loadposition content9}