Skip to main content

Икер Касиљас испиша нова страница во историјата на фудбалот

Шпанскиот голман го престигна досегашниот рекордер

 |  инфодеск  | 

Настапувајќи во пријателскиот натпревар против Романија, голманот на Шпанија, Икер Касиљас (34) запиша 166-ти настап за репрезентацијата со што стана играч со најмногу репрезентативни настапи во Европа. Касиљас така го престигна досегашниот рекордер Виталиј Астафјев кој во кариерата одигра 165 натпревари за репрезентацијата на Латвија.

“Среќен сум и горд што собрав толку настапи за репрезентацијата. Сите овие години имаше многу убави, но и лоши моменти. Но, ги памтам само позитивните”, рекол Касиљас додавајќи дека “свесен сум дека се приближува и крајот на мојата кариера. Сите имаат свој крај, не сум јас исклучок”.

Натпреварот помеѓу Романија и Шпанија заврши без голови па така Касиљас веќе осум натпревари по ред  не примил гол на голот на Шпанија. Меѓутоа тоа не е негов рекорд бидејќи тој има забележано и 814 минути без да прими гол. Натпреварот во Клуж беше воедно 101 натпревар во кој Касиљас не примил гол на натпревар од шпанската репрезентација.

За Шпанија дебитираше на 3 јуни 2000 година на средбата против Шведска со 19 години и 14 дена. Во богатата кариера со репрезентацијата ја освои светската круна во Јужна Африка во 2010 година и насловот Европски првак во 2008 и 2012 година. Во дресот на Реал Мадрид играше 18 години освојувајќи 18 трофеи и тоа три Лига на шампиони и пет национални првенства. Минатото лето го напушти Сантијаго Бернабеу и моментално настапува за Порто.